НКБК ги усвои Препораките за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површини

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), во рамките на 14-та редовна седница која се одржа на 26 октомври 2020 година, едногласно ги усвои Препораките за бесплатен државен wifi интернет на отворени јавни површини. Претседателот на телото, Димитар Буковалов, појасни дека документот е во согласност со Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година.

Бесплатниот државен WiFi треба да обезбеди пред се поддршка на развојот на туризмот и поттикнување на користењето на бродбендот во белите зони во државата. Трошоците за негово обезбедување ќе се покриваат со средства од буџетот на државата.

Инаку, утврдувањето на бројот и изборот на локации го врши ЈП Македонска радиодифузија во соработка со НКБК, а во согласност со препораките од документот и во консултација со Министерството за информатичко општество и администрација, локалните самоуправи и  надлежните институции за развојот на туризмот.