Формирање на Меѓуресорска работна група за измена/усогласување на регулативата за градење и електронските комуникации

На 12 февруари 2021 година, се одржа 23-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), во рамките на која се дискутираше за Информацијата за формирање Меѓуресорска работна група за меѓусебно усогласување и измена на законите и подзаконските акти поврзани со градење и електронските комуникации, Претседателот на телото, Димитар Буковалов, информира дека обврската за оваа информација произлегува од усвоената Програма за работа на Владата за 2021 година.

Предлог Информацијата која е подготвена од страна на Министерството за информатичко општество и администрација, ќе им биде доставена на членовите на НКБК, а по добивањето на забелешките и предлозите истата ќе биде доставена до Владата. Буковалов додаде дека согласно Програмата за работа на Владата за 2021 година, во мај ќе треба да се подготви Информација за усвојување на Препораките за кабелска канализација што ги усвои НКБК.

Во рамките на точката од дневниот ред, која се однесува на Извештајот за прогресот во изработката на студијата на RCC за стaтусот на примена на DESI во WB6 државите, членот на НКБК, Славица Настеска, извести дека во текот на јануари е одржан состанок со консултантот задолжен за студијата на RCC на кој и било побарано да се одговори на прашалник поврзан со DESI индикаторите во делот connectivity и дека е одговорено во целост. Консултантот информирал дека нацрт извештајот за студијата на RCC е во завршна фаза и дека очекува да и биде доставен.