Работен координативен состанок меѓу НКБК и ЈП МРД

На 28 мај 2021 година, Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) одржа работен координативен состанок инициран од ЈП Македонска радиодифузија, на кој се дискутираше за повеќе прашања кои произлегуваат од Националниот Оперативен Бродбенд План (НОБП).

На почетокот на состанокот претставници на ЈП МРД направија Презентација на податоците кои се потребни за Анализа на состојбата на оптичката инфраструктура изградена со јавни средства, испратени од страна на другите институции.

На состанокот се разговараше за успешно завршениот процес на мапирање на јавните институции и општините, потоа завршувањето на мапирањето на слободни Wifi точки, внесувањето на сите неопходни потребни податоци во ГИС платформата на ЈП МРД, како и размената на идеи и ставови за ефективно и ефикасно спроведување на следните фази на НОБП.

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов оцени дека одржувањето координативни состаноци меѓу НКБК како експертско советодавно тело, ЈП МРД како јавен оператор што ќе ја гради и одржува Националната транспортна оптичка мрежа (НОТМ), Агенцијата за електронски комуникации и останатите институции со улога утврдена во НОБП е од исклучително значење за успешноста на реализација на НОБП.

Тој истакна дека сработеното до сега покажува дека ЈП Македонска радиодифузија има капацитет да ги спроведе активностите и обврските кои произлегуваат од НОБП и укажа дека податоците за WiFi точки, за бели зони и сл. треба јавно да се објавуваат на веб страната на ЈП МРД. Воедно информира дека НКБК планира да одржи состанок со ЗЕЛС, со цел презентирање на НОБП, плановите за негова имплементација и улогата на соработката со единиците на локална самоуправа.

На следниот линк може да се најде записникот од одржаниот работен координативен состанок :

https://jpmrd.gov.mk/wp-content/uploads/2021/07/%D0%97%D0%B0%D0%BF%D0%B8%D1%81%D0%BD%D0%B8%D0%BA.pdf