Усвоени коментарите и предлозите на НКБК за драфт Студијата за BCO телата во WB6

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), во рамките на 18-та редовна седница одржана online на 10 декември 2020 година, едногласно ги усвои предлог коментарите и предлозите на НКБК за драфт Студијата за BCO телата во земјите од Западен Балкан. Консолидираниот текст на забелешките официјално е доставен до министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација.

Претседателот на телото, Димитар Буковало, информира дека на 18 декември 2020 година, ќе се одржи седница на НКБК, на која ќе се презентира новата ГИС платформа на Агенцијата за електронски комуникации за подршка на имплементацијата на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП).