Презентиран ИКТ Системот на АЕК за поддршка на имплементацијата на НОБП

На 18 декември 2020 година, се одржа 19-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), во рамките на која беше презентиран најновиот ИКТ Систем на Агенцијата за електронски комуникации за поддршка на имплементацијата на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП) а изработен од страна на GDi Group.

Членот на НКБК, Зоран Дервишов, направи презентација на општиот и аналитичкиот дел на системот/софтверот појаснувајќи дека  тој е од голема важност за имплементацијата на НОБП, а неговите можности со одреден степен на пристап и приоритизација ќе можат да го користат и други субјекти во државата. Во таа насока, користењето на големиот број на алатки и информации на ИКТ системот може да обезбеди дополнителен развој на електронските комуникации, односно ќе придонесе кон дигиталната трансформација на општеството.

Томе Јовановски од GDi Group, од своја страна опсежно ги објасни компонентите, функционалностите и можностите што ги нуди најновиот ИКТ Систем .

Во текот на презентацијата членовите на НКБК и останатите присутни на седницата покажаа голем интерес поставувајки најразлични прашања поврзани со функционалностите и практичните аспекти на ИКТ системот.

Цветанка Кузмановска од СЕП и членот на НКБК, Сашко Мукаетов ја истакнаа важноста од обезбедување взаемно поврзување и користење на просторните податоците од другите ИКТ системи на јавни институции (Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за животна средина и просторно планирање итн). Ова особено со НИПП геопорталот на Агенција за катастар за недвижности како и со новиот ГИС систем на ЈП МРД.