Надлежности

Согласно Законот за електронски комуникации, Национална канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) е експертско и советодавно тело за поддршка на инвестиции во бродбенд мрежи.

НКБК стана дел од EU BCO мрежата во април 2020 година.

НКБК ги има следните законски надлежности:

  • учествува во работата на мрежата од канцеларии за бродбенд компетентност во Европската Унија и во регионот,
  • дава мислења и предлози за постигнување на побрз развој на електронските комуникации, а особено на бродбендот во државата,
  • соработува со државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост и обезбедува поддршка за развојни планови/проекти/студии поврзани со бродбенд мрежи, како и поддршка во нивната имплементација,
  • дава мислења и предлози за користењето и потребниот развој на оптичката инфраструктура која е изградена или ќе се гради со јавни средства,
  • учествува при утврдувањето на целни области во кои ќе се користи државна помош за изградба и развој на бродбенд мрежи,
  • дава мислења и предлози при изградба на бродбенд мрежи со користење на државна помош за: можни технички решенија, инвестициски и бизнис модели, услови за избор на оператор, ценовна политика и поврзани прашања,
  • учествува, дава мислења и предлози при подготовката на планови за промоција на бродбендот во државата,
  • учествува на јавни расправи и консултации кои се однесуваат на изградба на бродбенд мрежи преку користење на државна помош,
  • учествува при утврдувањето на локациите за обезбедување бесплатен безжичен WIFI интернет пристап во општините,
  • учествува, дава мислења и предлози при подготовката на идни национални стратешки документи и планови за развој кои имаат поврзаност со развојот на бродбендот,
  • го следи спроведувањето на усвоените национални стратешки документи и планови за развој на бродбендот во државата, исполнувањето на националните бродбенд таргети утврдени во истите и дава мислења и предлози за ревидирање на истите,
  • најмалку два пати годишно подготвува извештај до министерот за информатичко општество и администрација за развој на бродбендот во државата во однос на развој на бродбенд пазарот во Европската Унија, согласно со DESI (The Digital Economy and Society Index) и извештај за спроведувањето на усвоените стратешки документи и планови за развој на бродбендот во државата, исполнувањето на националните бродбенд таргети утврдени во истите.

НКБК на својата веб страница ја информира јавноста за своите активности во спроведувањето на надлежностите, за развојот на бродбенд пазарот во државата во однос на бродбенд пазарот во Европската Унија, согласно со DESI, за спроведувањето на усвоените стратешки документи и планови за развој на бродбендот во државата, исполнувањето на националните бродбенд таргети утврдени во истите.