Усвоен Деветтиот Извештај за спроведување на НОБП и развој на бродбендот

Националната канцеларија за бродбенд компетентност на 29 март 2024 година, ја одржа 79-та редовна седница на која го усвои Деветтиот Извештај за спроведување на Националниот Оперативен Бродбенд План (НОБП) и Развој на бродбендот во државата.

Членот на НКБК, Славица Настеска, го презентираше текстот на Извештајот и даде осврт на наодите во него.

Телото отвори дискусија по однос на барањето на МИОА поврзано со Информацијата за ЕУ практики за олеснети процедури за добивање дозволи за градење на електронски комуникациски мрежи со многу големи капацитети. Националната канцеларија за бродбенд компетентност оформи став дека треба да се иницира дискусија поврзана со олеснување на постапки за градење на електронски комуникациски мрежи. Исто така, телото е на мислење дека како појдовна точка треба да се земат материјалите од Информацијата, како и анализата изработена од консултантската куќа COWI на законските рамки за процедурите за добивање одобренија и дозволи за градба