Усвоени на Измените на Образецот за формата и содржината која треба да ја содржи Извештајот за развој на бродбенд пазарот согласно DESI

Националната канцеларија за бродбенд компетентност на онлајн седницата одржана на 22 јуни 2020 година, едногласно ги усвои измените на Образецот за формата и содржината која треба да ја содржи Извештајот за развој на бродбенд пазарот согласно DESI. Членот на НКБК, Славица Настеска, накратко појасни дека измените  на Образецот се со  цел да се направи реорганизирање на податоците за да се овозможи поедноставна компарација на податоците за индикаторот „покриеност“ на земјата со соодветните на државите од ЕУ.  

Настеска се осврна на одржаниот ITU-D вебинар  на тема: Towards Strengthened Impact of ICTs on Economic Development in Europe.  На настанот свое обраќање имал и министерот Дамјан Манчевски, кој ја презентирал постојната состојба во Македонија, при што потенцирал дека државата е на добар утврден пат во споредба со земјите од регионот. Тој го презентирал Националниот оперативен бродбенд план, тековната состојба со покриеност со бродбенд, а особено ја потенцирал и значајноста од воспоставувањето на НКБК и она што до сега е сработено од страна на телото.

Членовите на НКБК во продолжение на седницата дискутираа и за Националната ИКТ стратегија, која се подготвува со помош на надворешни експерти од ЕУ. Претседателот на телото, Димитар Буковалов информираше и за онлајн состанокот на министерот Дамјан Манчевски со директорите на ЈП Македонска радиодифузија и Агенцијата за електронски комуникации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *