Усвоени коментарите за нацрт-извештајот за Студијата за DESI индикаторите

Во рамките на 27-та редовна седница, одржана на 7 април 2021 година, Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), едногласно ги усвои коментарите и предлозите по однос на доставениот нацрт-извештај за Студијата за DESI индикаторите во државите од Западен Балкан, подготвен од RCC. Членовите на НКБК врз основа на надлежностите кои ги имаат можеа да достават свои забелешки по однос на нацрт извештајот, со цел до RCC да се достави одговор.

На барање на претставникот од Канцеларија на ЕУ во Скопје, кој исто така учествуваше на седницата на телото, ќе им бидат доставени усвоените коментари и забелешки.

Во продолжение на состанокот, претседателот Димитар Буковалов го најави состанокот со претставници од Агенцијата за електронски комуникации, на кој ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои за цените за бродбенд услуги кои ги обезбедуваат операторите, за додавање на урбани и рурални области во Системот на АЕК за поддршка на имплементација на НОБП (согласно податоци од Заводот за статистика), потоа за додавање локации на малите и средни компании во Системот за поддршка на имплементација на НОБП (согласно податоци од Централен регистар), како и за следното мапирање кои ќе се прави на постојни и планирани мрежи да се вклучат т.н “very high capacity network“, согласно дефинициите во регулативите на ЕУ.