Дискусија со претставници на АЕК за прашања од заеднички интерес

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 29-та седница одржана на 12 мај 2021 година, отвори дискусија со претставници на Агенцијата за електронски комуникации по однос на повеќе прашања од заеднички делокруг на работи и активности.

Се разговараше за додавање на урбани и рурални области во Системот на АЕК за поддршка на имплементација на НОБП (согласно податоци од Заводот за статистика), потоа за воведувањето категоризации на деловни субјекти во Системот за поддршка на имплементација на НОБП (согласно официјалната категоризација на деловни субјекти од Централен регистар), за вклучување на т.н “ Very High Capacity Network“ (согласно дефинициите од регулативите на ЕУ) на следното мапирање кое ќе се прави од страна на АЕК на постојни и планирани мрежи, како и за цените на бродбенд услугите кои ги обезбедуваат операторите (имајќи го предвид третиот Извештај на НКБК).

Спроведувањето на овие активности е во насока на имплементација на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), како и на развојот на електронските комуникации во земјата.

Членовите на телото одлучија НКБК да подготви и достави препораки до АЕК, со цел усогласување со европската пракса за приказ и следење на индикаторите во DESI  во димензијата Поврзливост.

Во рамките на истата седница, НКБК даде позитивно мислење за Предлог Информацијата за усвојување на правилата за поставување на кабелска канализација финансирана со јавни средства, како и  користење на постоечката. Информацијата ќе биде доставена до Владата на усвојување.