Препораки до АЕК со цел усогласување со европската пракса за приказ и следење на индикаторите во DESI во димензијата „Поврзливост„

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) согласно заклучокот од 29-та седница одржана на 12 мај 2021 година, до Агенцијата за електронски комуникации достави препораки, кои покрај другото ќе имаат за цел целосно усогласување со Европската пракса за приказ и следење на индикаторите во DESI во димензијата Поврзливост :

  • во Системот за поддршка на имплементацијата на НОБП на АЕК да се додаде функционалност за приказ на атрибутот „покриеност“ според урбани и рурални области (согласно податоците од Државен завод за статистика), како и да се воведе категоризација за атрибутот „деловни корисници“ согласно официјалната категоризација на деловни субјекти од Централен регистар.
  • при следното мапирање на постојни и планирани јавни комуникациски мрежи, АЕК да ги вклучи и т.н. „Мрежи со многу голем капацитет“ (Very High Capacity Network), согласно дефинициите од Директивата (ЕУ) 2018/1972.

Исто така, потребно е АЕК да организира состанок во однос на цените на бродбенд услугите и подобрувањето на ниската распространетост (take-up) на фиксен ултрабрз бродбенд во државата.

Во рамките на седницата, НКБК даде позитивно мислење за Предлог Информацијата за усвојување на правилата за поставување на кабелска канализација финансирана со јавни средства, како и користење на постоечката.