Усвоен петтиот Извештај на НКБК за развој на бродбендот и спроведување на НОБП

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на редовната 44-та седница одржана на 31 март 20222 година, едногласно го усвои петтиот по ред Извештај на НКБК за развој на бродбендот во државата и спроведување на НОБП.

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, истакна дека извештајот содржи информации за активностите  на НКБК во периодот октомври 2021 – март 2022 година во врска со спроведување на НОБП во државата, учеството во активностите на мрежата на европски ВСО-а, како и  активностите што АЕК ги спроведе во истиот период за имплементација на НОБП.

Исто така,  извештајот содржи податоци за развој на бродбендот во државата во периодот октомври 2021 – март 2022 преку компаративен приказ на индикаторите за димензијата „Поврзливост“ за државата  и споредбено  истите во земјите членки на ЕУ. Извештајот содржи податоци за покриеност и распространетост на фиксен бродбенд,  на брз бродбенд пристап, ултрабрз бродбенд пристап и мобилен бродбенд во земјата. Буковалов потенцира дека извештајот е надополнет и со податоци за бројот на активни претплатници на фиксен бродбенд по пристапна брзина и за бројот на активни корисници на услуги врзани со пакет.

Членот на телото, Славица Настеска, од своја страна истакна дека НКБК веќе имаше дискусија за усогласување на Методологијата за DESI индикаторите на земјата со Методологијата за DESI ЕУ 2021, што треба наскоро да резултира со донесување нова Методологија за DESI, а согласно неа ќе треба да се промени и Образецот за формата и содржината која треба  да ја содржи Извештајот за развој на бродбенд пазарот во државата.