Дискусија за Студијата за изводливост за изградба на НТОМ

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 43-та редовна седница одржана на 22 март 2022 година, дискутираше за подготовката на Студијата за изводливост за изградба на Националната транспортна оптичка мрежа, согласно НОБП.

На седницата присуствуваше и претставникот од Канцеларијата на претседателот на Владата, Игор Бимбиловски, кој од своја страна истакна дека Владата генерално ги подржува иницијативите околу развојот на бродбенд мрежите, а тоа дотолку повеќе што врз база на статистиките за инвестиции очигледно е дека државата заостанува во тој домен.

Во таа насока, се дава поддршка особено на оние проекти, планови и политики кои можат брзо се имплементираат и кои ги земаат предвид сите можни опции на новите  технологии, користењето на слободни владини оптички инфраструктури, наметнување на обврски на операторите при  изградбата на нивните мрежи и сл. При тоа потребно е поголемо ангажирање на домашни експерти, имајќи предвид дека  најдобро ги познаваат домашните прилики и состојби.

Членовите на телото донесоа заклучок да се информираат министерот и заменикот министерот за информатичко општество и администрација за подготовката на Студијата за изводливост, односно за предлозите околу начинот на финансирање и изградба на НТОМ.