Дискусија за измените на Методологијата за DESI

Во рамките на 42-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност одржана на 25 февруари 2022 година, се дискутираше за измените на Методологијата за утврдување на Индексот на дигитална економија и општество DESI.

Членот на НКБК, Славица Настеска, нагласи дека во новоизготвената методологија за DESI од страна на ЕУ, димензијата „употреба на интернет„ повеќе не постои односно е избришана, која пак индиректно е веќе содржана во останатите димензии, додека пак димензијата “поврзливост“, за чие следење е надлежна НКБК, има претрпено неколку измени. Имено, избришан е индикаторот за покриеност со фиксен бродбенд, но затоа се додадени нови индикатори во врска со покриеност со VHCN (Very High Capacity Network) и 5G.

Членовите на НКБК развија дискусија дали во целост треба да постои усогласеност со новата методологија, доколку повеќе што индикаторот за фиксен бродбенд се уште е актуелен во државата.

По изготвувањето и усвојувањето на новата DESI методологија за државата од страна на НКБК, треба да се направи усогласување со АЕК околу  податоците за новите индикатори содржани во димензијата „поврзливост“ за DESI, кои треба да се побараат од операторите при подготовката на полугодишните извештаи на НКБК согласно новата методологија.