НКБК дискутираше за новата владина програма

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на својата 41-ва седница одржана на 21 јануари 2022 година, дискутираше за Програмата на новата Влада и областите кои се од интерес и надлежност на работата на телото.

Претседателот Буковалов нагласи дека согласно новите ЕУ стратегии барањата по однос на бродбенд брзините се зголемени и се на ниво од гигабитни брзини. Во таа насока  ја истакна потребата за владина државна оптичка мрежа, односно имплементацијата на НОБП.

Членот на НКБК Боро Јакимовски, потсети дека согласно НОБП потребно е искористување на постоечките капацитети на оптички влакна кои ги поседуваат институциите, како и друг вид на капацитети, а со цел намалување на трошоците за изградба на самата мрежа.

Славица Настеска дополни дека во Програмата на новата Влада акцентот е  ставен на дигитализацијата генерално, без да се наведат конкретни проекти/мерки, што би можело да биде предност бидејќи дава слобода во дефинирањето и планирањето на идните активности.

Буковалов информираше и дека од страна на RCC (Регионален совет за соработка) и Европската Комисија континуирано се развива Патоказот за намалување на цените во роаминг помеѓу земјите членки на ЕУ и земјите на Западен Балкан.