Усвоено мислењето за Законот за регулирање на статусот на бесправно изградени објекти

Во рамките на 40-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), членовите на телото едногласно го усвоија мислењето за предлог измените на Законот за регулирање на  статусот на бесправно изградени објекти.

Претседателот Буковалов појасни дека законот треба да оперира со терминот електронски комуникациски мрежи и средства и затоа телото предлага дефиниции кои се однесуваат на кабелска канализација, кабелска шахта, кабелска галерија, антенски систем, електронски комуникациски кабел и инсталација во зграда.

Доколку предложените дефиниции не станат составен дел од законот неговата практична имплементација би се довела во прашање, а особено во процесот на прецизно утврдување на објектите за кои ќе треба да се утврдува правниот статус. Исто така, дефинициите не се во спротивност со постојната домашна и европска регулатива за електронски комуникации.

Поддршка за предложените дефиниции НКБК доби и од независните експерти оценувајќи дека тие се повеќе од неопходни и треба бидат составен дел не само од овој закон, туку и од други законски и подзаконски акти, правилници и сл., поврзани со оваа област.