Усвоено мислењето за изменување на Правилникот за изградба на јавните електронски мрежи

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на својата 39-та седница одржана на 15 декември 2021 година едногласно го усвои мислењето со препораки за изменување на Правилникот за начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства на Агенцијата за електронски комуникации.

Во продолжение на седницата се дискутираше и за последниот DESI Извештај за развој на бродбендот во државите членки на ЕУ за 2021 година.

Членот на НКБК, Славица Настеска, појасни дека во последниот DESI Извештај на ЕУ се забележува бришење на некои индикатори и воведување на нови како на пример се брише индикаторот за покриеност со каков било фиксен бродбенд пристап но се  воведуваат индикаторите за:  распространетост на фиксен бродбенд (fixed broadband take-up) за брзини од најмалку 100 Mbps и 1 Gbps, покривање со VHCN мрежи, како и покривање со 5G.

Дискусијата околу промената на DESI методологијата во РС Македонија, ќе продолжи на следна седница на НКБК.