Работна средба со министерот Алити, претседателот на ЗЕЛС и директорите на АЕК и МРД

Членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 12 јули 2022 година, одржаа работна средба со министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити, на која присуствуваа и претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на град Скопје, Данела Арсовска, директорот на АЕК, Јетон Акику, како и директорот на ЈП Македонска Радиодифузија, Ендрин Кадриу.

На средбата се разговараше за динамиката на спроведување на активностите поврзани со широкопојасниот интернет во земјата. Беше потенцирано дека наскоро ќе се започне со физибилити студијата за изградба на Националната транспортна оптичка мрежа.

Исто така, договорено е во иднина да продолжат да се одржуваат вакви работни состаноци со утврдена динамика.