Дискусија за физибилити студијата за изградба на НТОМ

На 48-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) одржана на 6 јули 2022 година, се дискутираше за подготовката на Условите за работење (Тerms of Reference – ToR) за јавна набавка на консултантски услуги за изработка на Студија за изводливост за изградба на Национална транспортна оптичка мрежа (НТОМ).

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, ги претстави предлог заклучоците од владината седница кои произлегуваат од Информацијата за подготовка на студија за изводливост за изградба на НТОМ, заедно со активностите на институциите кои треба да ги преземат за успешно завршување на процесот.

Мирослав Гроздановски од МИОА од своја страна ги претстави чекорите и фазите за поднесување на апликацијата за физибилити студијата до Делегацијата на ЕУ, како и динамиката за реализација на истата доколку биде одобрена.

Членовите на НКБК се согласија нареднитe денови да работат на двата основни документа за поднесување на апликациjата (Project summary and Terms of reference).