Разгледани измените на Правилникот на АЕК за изградба на јавните комуникациски мрежи

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на редовната 47-ма седница одржана на 24 јуни 2022 година, беа разгледувани предложените измени на Правилникот на АЕК за  начинот на изградба на јавните електронски комуникациски мрежи и придружни средства.

Членот на телото, Славица Настеска, презентирајќи ги измените истакна дека тие се прават со цел Агенцијата за електронски комуникации да започне да собира податоци за изградена и планирана инфраструктурна мрежа, согласно најновата DESI ЕУ методологија која беше усвоена од страна на НКБК. 

Инаку, предлог правилникот е ставен на јавна расправа која ќе трае до 21 јули.