Усвоени предлозите по однос на доставениот нацрт-ДЕСИ Извештај за Западен Балкан за делот „поврзливост„ подготвен од консултанти на RCC

Во рамките на 60-та редовна седница одржана на 15 декември 2022 година, Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), ги усвои коментарите и предлозите на телото по однос на доставениот нацрт-ДЕСИ Извештај за Западен Балкан за делот „поврзливост„, подготвен од консултанти на RCC.

Членовите на НКБК се согласија дека во делот на графиконите и табелите за новите индикатори во димензијата „поврзливост„, како што е покриеноста со VHCN и со FTTP мрежи, во Извештајот WB6 DESI 2022 да биде наведено дека РС Македонија нема достапни податоци за 2021 и 2020 година (Not available).

Исто така, членовите на телото во дописот до RCC се согласија да побараат резултатите во графиконите за индикаторите кои се однесуваат на: домаќинствата со претплата за фиксен бродбенд, покривање со брзи бродбенд мрежи и покриеност со 4G, за Македонија или друга членка на WB6 доколку има, да бидат прикажани со друга боја. Тоа е заради тоа што нашите податоци се точни и реални и обезбедени од операторите директно, а не од дополнителни студии, истражувања итн. Националната канцеларија за бродбенд компетентност во истовреме ќе побара и проверка на методологијата за пресметка на DESI индикаторите кај сите WB6 земји презентирани во Извештајот.