Усвоени предлозите и коментарите на предлог текстот на Националната ИКТ стратегија 2023-2027 со Акцискиот план

Националната канцеларија за бродбенд компетентност, во рамките на 61-та редовна седница која се одржа на 13 и 18 јануари 2023 година, ги усвои предлозите и коментарите на целосниот предлог текст на Националната ИКТ стратегија 2023-2027 со Акцискиот план. Членовите на телото дискутираа за насловот на стратегијата, за кој оценија дека треба да биде променет во согласност со новиот технолошки развој. Исто така, едногласно беше констатирано дека стратегијата е преобемна и истата треба да претрпи ревизија, односно одредени делови во неа кои се совпаѓаат или се преземени од Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), треба да се изземат.

Членовите на НКБК во Акцискиот план ги прецизираа роковите за реално спроведување на планираните активности за следните цели: обезбедување гигабитно поврзување и пристап до интернет за граѓаните и јавните институции, развој на Владина ИКТ инфраструктура и развој на Национална образовна ИКТ инфраструктура.