НКБК дискутираше за билатералниот состанок во Брисел за Поглавјето 10

Во рамките на 62-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбденд компететност (НКБК), одржана на 24 февруари 2023 година, претседателот на телото, Димитар Буковалов, информираше за текот на подготовките околу билатералниот состанок  за Поглавјето 10 (Информатичко општество и медиуми), закажан за 21 и 22 март 2023 година, во Брисел. Буковалов истакна дека е именуван за Раководител на работната група за подготовка на преговарачки позиции за преговорите за пристапување на МКД во ЕУ за цело Поглавје 10.

Тој ја координира и насочува работата на номинираните лица кои ќе бидат дел од делегацијата во Брисел и кои ќе ги презентираат тековните и идните активности во областите електронски комуникации, потоа аудиовизуелни политики, како и услуги на информатичко општество.

Членовите на НКБК дискутираа и се произнесоа по одредени точки кои се дел од агендата за билатералниот состанокот во Брисел, а акцент се стави на делот за сајбер безбедноста.

Како надворешни соработници на НКБК, телото ги прифати Владимир Ристевски, експерт од областа на електронските комуникации и Јулијана Спировска, која има големо искуство и стручност во делот на развојот на електронските комуникациски мрежи.