Дискусија за документот “Final DESI 2022 Report“ на Западен Балкан

Во рамките на 63-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност  (НКБК) одржана на 31 март 2023 година, членовите на телото едногласно одлучија за пролонгирање на рокот за изработка на седмиот DESI Извештај за развој на бродбендот во државата заради доцнењето на податоците кои се побарани од Агенцијата за електронски комуникации.

Членот на НКБК, Славица Настеска, даде осврт на документот “Final DESI 2022 Report“ на Западен Балкан и коментарите на RCC во однос на доставените коментари на НКБК, по што беше донесен заклучок дека НКБК искажува  резерва кон одредени објавени податоци за димензијата „Поврзливост“ во извештајот. Ова од причина што НКБК има дадено забелешки на предфиналната верзија на извештајот од кои еден дел беа прифатени, но поголемиот дел не беа прифатени. И покрај предлогот на НКБК да се разјаснат одредени забелешки пред објавување на извештајот, RCC сепак го објави извештајот.

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, се осврна и на билатералниот скрининг за Поглавјето 10 „Информатичко општество и медиуми„ одржан на 21.03.2023 година, во Брисел на кој било информирано дека од страна на АЕК е започната постапка на ажурирање на бели, сиви и црни области во државата и покривањето на територијата на државата со VHCN мрежи. Ажурирањето на зоните е исто така неопходно согласно добиената информација дека  на 14.05.2023 година е планирано потпишување на договор со консултантска куќа задолжена за изработка на Студијата за изводливост за развој на НТОМ.