Средба со консултантите од COWI задолжени за подготовка на Студија за изводливост за НТОМ

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 31 јануари 2024 година ја одржа 76-та редовна седница, на која беа присутни и консултантите од консултантската компанија COWI, задолжени за подготовката на Студија за изводливост за Националната транспортна оптичка мрежа (НТОМ).

Претставникот на COWI, Јоанис Неокосмидис, направи преглед на преземените активности на експертскиот тим, кој е задолжен за подготовка на студијата. Тој истакна дека постојат отворени прашања околу податоците кои ги собираат од соодветните институции и претпријатија, како и околу нивната форма. Меѓу другото, се истакна потребата АЕК да обезбеди податоци за слободните капацитети на мрежите на операторите, бидејќи во ГИС платформата истите недостасуваат.

Членовите на експертското тело препорачаа консултантите да ги достават сите отворени прашања околу обезбедувањето на потребните податоци до Министерството за информатичко општество и администрација, кое потоа ќе испрати дописи до надлежните институции за доставување податоци неопходни за изведувачот на проектот.