Разгледување на прашањата доставени од консултантите на COWI

На 11 јануари 2024 година, Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) ја одржа својата 75-та редовна седница, на која беше дискутирано за прашањата доставени од консултантите на консултантската куќа COWI, задолжени за подготовката на Студија за изводливост за Националната транспортна оптичка мрежа (НТОМ).

Членовите на експертското тело заклучија дека треба да се подготват и достават одговори на поставените прашања и да се закаже состанок со консултантите на кој ќе бидат разгледани областите и податoците кои им се потребни за подготовка на студијата.