Анализа на прогресот во подготовката на Студија за изводливост на НТОМ

Во рамките на 74-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), членовите на телото дискутираа за прогресот во подготовката на Студија за изводливост на Националната транспортна оптичка мрежа (НТОМ) од страна на консултантската куќа. На седницата присуствуваа надворешни експерти и претставници од компанијата ГДи која ги одржува ГИС платформите во АЕК.

Претседателот на телото, Димитар Буковалов, истакна дека консултантите задолжени за подготовка на студијата имаат забелешки околу пристапот и содржината на податоците достапни на ЕТИ системот и Системот за поддршка на спроведувањето на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП), како ГИС платформи воспоставени во Агенцијата за електронски комуникации за телекомуникациска инфраструктура. Во таа насока консултантите доставиле низа прашања до Министерството за информатичко општество и администрација.

Дополнително, претставникот на компанијата ГДи информираше дека на барање на консултантската куќа одржале две онлајн обуки за користење на ГИС платформата на АЕК.