Дигиталната Агенција на дневен ред на продолжението на втората седница на НКБК

На 7 ноември 2019 година, се одржа продолжението на втората седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност, на која членовите дискутираа за предлог текстот за надлежностите на идната Дигитална агенција во однос на инфраструктурно поврзување на јавните институции и обезбедување на интерни  комуникациски услуги, како еден од столбовите на надлежности.

Според образложението на претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, идејата е активностите поврзани со комуникациските услуги на јавните институции да се координираат на централно ниво, со што ќе се избегне можно удвојување на активностите кои сега се случуваат во повеќе институции и се очекува тоа биде регулирано од страна на Дигиталната агенција.

Членовите на НКБК дискутираа околу надлежностите кои ќе ги имаат ЈП МРД, Дигиталната агенција и МАРнет, како и нивната координација од аспект на поврзувањето на јавните институции. Дигиталната агенција, согласно потребите на јавните институции, ќе набавува, управува, ќе врши надзор, ќе ја одржува активната опрема итн.

Исто така, Дигиталната агенција ќе има надлежност да управува со користењето на слободните оптички влакна на НТОМ, кои се наменети за поврзување на јавните институции.