Презентација на методологијата „Индекс на дигитална економија и општество„

На седницата на Националната канцеларија за бродбенд компетентност, одржана на 4 декември 2019 година, членот на НКБК, Славица Настеска, го презентираше документот „Индекс на дигитална економија и општество – методологија„ кој го анализира прогресот на државата кон дигитална економија и општество.

Настеска појасни дека DESI има структура во три нивоа и се состои од пет главни димензии (конективност, човечки капитал, користење на интернет, интеграција за дигитална технологија и дигитални јавни услуги). Секоја од петте димензии е поделена на под-димензии, составени од одделни индикатори.

НКБК најмалку двапати годишно ќе доставува извештај до министерот за информатичко општество и администрација за развојот на бродбендот во државата, во однос на развојот на бродбенд пазарот во ЕУ, согласно DESI, како и извештај за спроведување на усвоените стратешки документи и планови за развој на бродбендот во државата и за исполнувањето на бродбенд таргетите утврдени во истите.

Членовите на НКБК дискутираа околу временската рамка и роковите за подготовката и доставувањето на извештаите, како и за утврдувањето на изворите на податоци за потребите на истите.