Усвоени Методологијата за DESI, oбрасци и Упатство за податоци за оптичка инфраструктура

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на седницата одржана на 14 февруари 2020 година, едногласно ја усвои Методологијата за утврдување на Индексот на дигитална економија и општество (DESI-Digital Economy and Society Index) и образецот за формата и содржината која треба да ја содржи Извештајот за развој на бродбенд пазарот согласно DESI.

Образложувајќи ги документите, Славица Настеска нагласи дека НКБК ќе има задача да препознае како котира државата во однос на европските земји, преку индикаторите кои ќе бидат составен дел на извештајот. Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, наведе дека до 31 март 2020 година, треба да се објави првиот извештај кој ќе ги сублимира податоците за состојбата во земјата.

НКБК на продолжението на четвртата седница едногласно ги усвои Обрасците за попис на постојната оптичката инфраструктура во државата изградена со јавни средства и Упатството за доставување на податоците. Документите ќе бидат доставени до Меѓуресорската работна група за подготовка на Анализа за постојната состојба на оптичката инфраструктура во државата изградена со јавни средства.