Презентација „Мапирање на јавни институции, локации за бесплатен WiFi интернет пристап„ на ЈП Македонска радиодифузија

Во рамките на петтата седница на НКБК одржана на 28 февруари 2020 година, беше одржана Презентација за „Мапирање на јавни институции, локации за бесплатен WiFi  интернет пристап„.

Претседателот на Меѓуресорската работна група за подготовка на Анализа за постојната оптичка инфраструктура изградена со јавни средства, Имер Далипи, истакна дека обврската за мапирањето произлегува од точката 1.9 од Националниот оперативен бродбенд план (НОБП). Тој додаде дека искуството од досега собраните податоци покажа оти потребна е поголема упатеност на јавните институции, со цел да се добијат поквалитетни и посеопфатни податоци.

При мапирањето на општините контактирани се 81 единица на локалната самоуправа, од кои 76 доставиле целосни податоци, три општини воопшто немаат доставено информации, додека две доставиле делумни податоци. Според анализираните податоци, нема општини во државата кои имаат изградено оптичка инфаструктура, ниту имаат во план тоа да го сторат во наредните три години.

Во поглед на мапирањето на институциите, контактирани се 1.488 јавни институции, од кои од 1.330 имаат добиено целосни податоци, 158 немаат доставено информации, 10 имаат делумно доставено, додека само 16 имаат изградено оптичка инфраструктура со јавни средства.

Присутните на седницата заеднички констатираа дека станува за почетни податоци кои во идниот период ќе бидат ажурирани и ревидирани, а за тоа ќе биде неопходна помош од НКБК, МИОА и ЗЕЛС за идните чекори при мапирањето, пред се од аспект на финализирање на предлозите за WiFi локации.