Неопходна соработка на НКБК со Секретаријатот за европски прашања

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 12 март 2020 година, ја одржа шестата редовна седница на која акцент се стави на последните подготовки околу објавувањето на првиот Извештај на НКБК согласно DESI, како и на соработката со Секретаријатот за европски прашања.

Членот на НКБК, Славица Настеска како носител на овој проект се осврна на концептот на самиот Извештај, изворите на информации/документи за подготовка на истиот, како и на тоа кои податоци поради краткиот временски период нема да може да се обезбедат.

Во однос на соработката на Секретаријатот за европски прашања со НКБК и со МИОА, пред се околу преводот на новата Директива за електронски комуникации (European electronic communications code) информираше Слаѓана Ангелова од СЕП, која нагласи дека се очекува директивата наскоро да се преведе, но од причина што станува збор за сложен процес на превод во кои се вклучени низа технички изрази потенцира дека процесот ќе потрае. Ангелова соопшти дека постои иницијатива за вклучување на надворешни преведувачки куќи и возобновување на техничките комитети кои треба да го надгледуваат процесот на преведување. Буковалов истакна дека е неопходно формирањето на технички комитети и доколку е потребно НКБК може со допис да ја поддржи таа иницијатива на СЕП.