Усвоено дополнувањето на Деловникот за работа на НКБК

Националната канцеларија за бродбенд компетентност на 25 март 2020 година, го усвои дополнувањето на Деловникот за работа, заради допрецизирање на начинот на работа на телото во време на прогласена вонредна состојба.

Согласно претходно донесениот заклучок, по членот 6 на Деловникот се додава нов член 6-а кој гласи:

„(1) Во случај на постоење на вонредна состојба седниците на НКБК ќе се одржуваат преку средства за електронска комуникација кои овозможуваат употреба на платформи за аудио и видео комуникација, а гласањето за точките од дневниот ред ќе се врши со произнесување преку електронска пошта.

(2) Во случаи на крајна итност која се утврдува од точките на дневниот ред, седниците на НКБК ќе се одржуваат на тој начин што за точките од дневниот ред Претседателот и членовите на НКБК ќе се произнесат преку електронска пошта.

(3) За одржаните седници на НКБК на начин определен со овој член, Записникот го води Претседателот на НКБК.“

Дополнувањето на Деловникот е со времена важност и ќе се применува до завршувањето на вонредната состојба.