Усвоен Првиот извештај на НКБК за развојот на бродбендот во државата и спроведувањето на НОБП

Согласно членот 71-а од Законот за електронските комуникаци, членовите Националната канцеларија за бродбенд компетентност на 31 март 2020 година,  едногласно го усвоија првиот Извештај кој се однесува на развојот на бродбенд пазарот во државата во однос на развој на бродбенд пазарот во Европската Унија (согласно со DESI ) и спроведувањето на НОБП и исполнување на националните бродбенд таргети.

При подготовката на овој Извештај, НКБК како извор во најголем дел ги користеше податоците од Агенцијата за електронски комуникации, како и од Државниот завод за статистика, Народната банка и од Информацијата за постигнатиот напредок на земјата за потребите на Поткомитетот за иновации, информатичко општество и социјална политика (март 2020 година).

Извештајот е исклучително важен  документ за развојот на бродбендот во државата, креирањето на политики, бизнис планови, користење на државна помош итн, но и за идниот Процес на преговори со ЕУ.

Содржината на Првиот извештај на НКБК за развојот на бродбендот во државата и спроведувањето на НОБП, може да ја погледнете на следната врска :

http://bco.mioa.gov.mk/wp-content/uploads/2020/03/Прв-Извештај-на-НКБК-за-развој-на-бродбендот-во-државата-и-спроведување-на-НОБП.pdf