Подготовка на анализа на предлозите за локации за бесплатни WiFi точки од страна на локалните самоуправи

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 15-та редовна седница која се одржа на 18 ноември 2020 година, дискутираше околу потребата за анализа на добиените предлози за локации за бесплатни WiFi точки од страна на локалните самоуправи. 

Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, истакна дека при анализата треба да се земат предвид Програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 година, потоа препораките за wifi точки, како и локациите на туристичките дестинации во земјата, а согласно Националната стратегија за туризам и јавните и комерцијалните web страници.

Исто така, членовите на телото потенцираа дека битен елемент претставува и покриеноста со 4Г сигнал, како и податоците за белите зони. Во врска со ова,  Националната канцеларија за бродбенд компетентност усвои заклучок да се започне со подготовка на анализа на добиените предлози за локации за бесплатни WiFi точки од страна на локалните самоуправи.