Дискусија за правилата за утврдување збирки податоци при планирање и проектирање на бродбенд мрежи

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 26 февруари 2021 година, ја одржа својата 24-та по ред седница на која покрај другите точки од дневниот ред дискутираше и за потребата од подготовка на Информација до Владата за усвојување на правила за утврдување збирки податоци потребни за  поддршка на процесите на планирање и проектирање на бродбенд мрежи, согласно усвоени  национални  планови/стратегии на Владата и привилегии за пристап до истите.

Членот на НКБК, Славица Настеска истакна дека сега откако новиот Систем во АЕК за поддршка на имплементација на НОБП е во функција, потребно е да се донесат правила на пристап до истиот со привилегии и одредени приоритизации, додавајќи дека во подготовката на правилата важно е да учествуваат и претставници од ЈП МРД и од АЕК.

Зоран Дервишов истакна дека системот има шест функции со одредена приоритизација и дека веќе се подготвува соодветен документ за тоа кој може до кои податоци да има пристап.
Претседателот на телото, Димитар Буковалов, нагласи дека потребата за усвојување на правила, односно за дефинирање кој има право да ги користи податоците и до кое ниво, произлегува особено и поради подготовката на Студијата за изводливост за изградба на НТОМ.

Буковалов, исто така, го отвори прашањето за започнување на подготовка на Информација за усвојување на правила за поставување на кабелска канализација финансирана со јавни средства, како и користење на постоечката кабелска канализација. Со тоа ќе се постигне институционализирање/официјализирање на донесените НКБК препораки во законска рамка.