Продолжена дискусијата за Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површина

Во рамките на 31-та седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), одржана на 1 јули 2021 година, продолжи дискусијата за Информацијата за обезбедување бесплатен државен WiFi на отворени јавни површина.

Членови на телото доставија забелешки и предлози  во насока на допрецизирање на текстот на Информацијата, меѓу кои Настеска посочи забелешки и во однос на  предложениот рок за подготовката на листата на локации на  WiFi точки од страна на ЈП МРД.

Зоран Дервишов, нагласи дека постапката за обезбедување на  бесплатен државен WiFi треба да биде реализирано во неколку фази, при што во првата фаза поврзувањето до WiFi точките треба да го обезбедуваат самите оператори а треба да се има предвид постоењето на оптичка мрежа во државна сопственост. Со подготовката на Студијата за изводливост на НТОМ ќе се утврди кои WiFi точки ќе треба да бидат поврзани од страна на ЈП МРД. Дополнително, Дервишов предложи Информацијата да се дополни во однос на тоа кои податоци треба да ги содржи Листата на локации на WiFi точки (на пример назив/опис на локацијата, населеното место, итн).

Претседателот на НКБК, Буковалов, истакна дека дефинирањето на техничките карактеристики на WiFi точките претставуваат едно од најбитните работи во процесот, а истите ќе влијаат врз ефикасноста на обезбедувањето на услугата, како и на вкупниот годишен надоместок кој ќе треба државата да го плаќа на операторите кои ќе ја обезбедуваат услугата. Тој оцени дека за да се обезбеди централизиран пристап по најоптимални цени за државата и услуги со најдобар квалитет најдобро би било по пат на јавна набавка да се избере еден оператор на ниво на цела држава и во првата фаза да се оди со минимални технички карактеристики на  WiFi точките.

Со предлогот во првата фаза да се оди со минимални технички карактеристики на WiFi точките се согласи членот Боро Јакимовски Боро Јакимовски кој истакна дека е потребно заедно со операторите да се дефинираат WiFi точките согласно буџетот, како и согласно нивната приоритизација.