Ажурирање на предлогот на НКБК за Столбот 1 и Акцискиот План од предлог Националната ИКТ стратегија

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) на 16 јуни 2023 година, ја одржа 66-та редовна седница, на која акцент се стави на ажурирањето на содржината на Столбот 1 и Акцискиот план од Националната ИКТ стратегија, а согласно барањето на претседателот на работната група за нејзина изработка, Никола Николов. Измените и дополнувањата се усогласени со новиот концепт за дигитална трансформација во јавниот сектор. НКБК истовремено даде свои забелешки и за формирањето на новата Агеција за дигитална трансформација.

Покрај другото, на седницата се разговараше и за подготовката на  Законот за дигитална трансформација и безбедност на мрежи и информациски системи и учеството на членовите на НКБК во процесот. Претседателот на НКБК, Димитар Буковалов информира дека во рамките на МИОА формирана е Работна група која во предлог законот треба да ја транспонира Директивата на ЕУ 2016/1148 на мерки за високо заедничко ниво на безбедност на мрежни и информациски системи, а да се земе предвид нејзината измена од 2022 година, односно Директивата 2022/2555.

Работната група треба да го подготви предлог законското решение до крајот на септември 2023 година. Исто така, Буковалов информираше дека во рамките на МИОА се формирани уште две работни групи – Работна група за подготовка на Национална ИКТ стратегија и Работна група за подготовка на Национална стратегија за сајбер безбедност со акциски план.