Разгледани материјалите за подготовка на новиот DESI извештај

Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), на 27 јуни 2023 година, ја одржа својaта редовна 67-ма седница на која беше разгледана Информацијата за прогресот во процесот на ажурирање на бели, сиви и црни зони и подготовка на DESI Извештајот на НКБК.

Членот на НКБК, Славица Настеска, информираше околу активностите за подготовка на новиот DESI извештај кој треба да го опфати периодот 01 септември 2022 – 30 април 2023 година. Исто така, информираше и околу активностите на Агенцијата за електронски комуникации за прибирање на ажурираните податоци од телеком операторите. Членот на телото, Зоран Дервишов, од своја страна направи кратка презентација на документот за Извештајот за спроведеното мапирање на постоечки и планирани бродбенд мрежи на операторите со состојба од крајот на април 2023 година.

Претседателот на НКБК, Буковалов информираше за одржаниот kick-off состанок со консултантската куќа COWI за подготовка на Студија за изводливост за воспоставување на НТОМ, согласно НОБП.