Усвоен Draft Inception Report за изработка на Студијата за изводливост за развој на НТОМ

Во рамките на 69-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), членовите на телото го усвоија Draft Inception Report, доставен од страна на консултантската куќа COWI, која треба да ја изработи Студијата за изводливост за развој на Националната оптичка транспортна мрежа (НТОМ).

Во текот на седницата беа дадени забелешки и предлози за ревидирање на одредени делови од материјалот, со цел подобрување на содржината на извештајот и негово прилагодување со ToR-от.

Посериозна забелешка беше дадена за точката 3.3. која ја опфаќа Методологијата и ги разработува проценетите трошоци за спроведување на идејниот проект на Националната оптичка мрежа (NBON). Имено, членовите на телото препорачаа да се референцира согласно целите во ToR-от, особено NBON де се проектира на начин кој ќе ги привлече комерцијалните оператори да постават пристапна мрежа за да нудат малопродажни услуги за граѓаните, по цени утврдени во Националниот оперативен бродбенд план (НОБП).