Усвоен Осмиот Извештај за развој на бродбендот

Во рамките на 70-та редовна седница на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК), членовите на телото го усвоија осмиот по ред Извештај за развој на бродбендот во државата (согласно DESI) и спроведување на Националниот оперативен бродбенд план (НОБП).

Членот на експертското тело, Славица Настеска, образложувајќи ја содржината на документот истакна дека тој ги прикажува податоците за периодот мај-септември 2023 година, а во табелите се презентирани податоци за DESI индикаторите состојба на Q4/2022. Присутните на седницата дискутираа за индикаторите за димензијата поврзливост, како и за Методологијата за класификација на пакетите на телеком операторите во однос на брзината и технологијата.