Заедничка седница на НКБК со работната група за подготовка на ЗЕК

Членовите на Националната канцеларија за бродбенд компетентност (НКБК) и членовите на Работната група за подготовка на новиот Закон за електронски комуникации одржаа заедничка работна средба во рамките на 71-та редовна седница на експертското тело.

Како што појасни претседателот на НКБК, Димитар Буковалов, во наредниот период планирано е интензивирање на заедничката подготовка на законот, за што се очекува проактивна вклученост на сите членови од НКБК.